Седумнаесетгодишниот Американец од државата Вашингтон, Ави Шифман, ја одби понудата за продажба на платформата за следење на ширењето на коронавирусот, која тој ја дизајнираше и разви, за 8 милиони долари.

Станува збор за платформата ncov2019.live која им овозможува на посетителите да ги проверат сите информации релевантни за коронавирусот и статистиката за ширење на инфекцијата во разни земји, пишува специјализираниот магазин „Бизнис инсајдер“.

Платформата има 30 милиони посетители на ден, а досега 700 милиони луѓе ги користеле нејзините податоци.

View this post on Instagram

change da world my final message 🌏🌎🌎

A post shared by Avi Schiffmann (@avischiffmann) on

На тинејџерот му беше понудено да ја продаде платформата, но тој одби со објаснување: „Имам само 17 години, не сакам да профитирам“.

Тој, исто така, ја одби постојаната позиција што му ја понуди во компанијата „Мајкрософт“.

На оние кои го наговараа да го продаде својот производ, тврдејќи дека во иднина ќе зажали што не ја прифатил понуда да го продаде, тој рече дека сака да ја задржи автономијата при водење на платформата и дека сака податоците да бидат достапни бесплатно за секој што доброволно ќе се зачлени, не да стане трговски производ со продажбата.

„Се надевам дека во иднина, ‘алатки’ како оваа ќе бидат создавани директно од Светската здравствена организација“, рече Шифман.

Извор: B92.net