NordPass објави листа, која се состои од најчестите лозинки користени во текот на 2021 година.

Без големи изненадувања, ова е речиси идентична листа со најлошите лозинки од минатата година. Со други зборови, луѓето сè уште користат многу слаби и вообичаени лозинки, кои лесно може да се хакираат.

Сервисот за управување со лозинки NordPass објави листа на 200 најчесто користени лозинки, врз основа на своето истражување.

Списокот нуди увид во самите лозинки, колку време е потребно за секоја од нив да биде пробиена и колку пати се појавиле како дел од нивното истражување.

Веројатно веќе сте погодиле, најчесто користената лозинка е „123456“. Оваа исклучително често користена лозинка се појавила повеќе од 103 милиони пати во истражувањето на NorsPass, а за хакирање е потребно помалку од една секунда.

Всушност, секоја од првите 10 лозинки, и сите освен една од првите 50, може да се хакираат за помалку од секунда. Од второто до петтото место на најчесто користени лозинки се „123456789“, „12345“, „qwerty“ и „password“.

Од друга страна, меѓу лозинките кои се поотпорни се „1g2w3e4r“, „gwerty123“, „myspace1“ и „michelle“, а за нивно хакирање биле потребни околу три часа.

NordPass, исто така, ги идентификуваше земјите кои се најмногу погодени од истекувањето на податоците. Тие се предводени од САД, Чиле, Австралија, Нов Зеланд, Русија, Франција, Италија и Германија.

Проверете ги ТУКА најчестите 200 лозинки за 2021 година и доколку некаде ги имате овие лозинки, променете ги, за ваша безбедност.

Извор: B92.net