На Европа и е потребна сопствена платформа за стриминг како Netflix, соопшти словенечкото претседателство со Европска Унија.

Словенечкото претседателство со ЕУ предложи европските метрополи и Европска Комисија да размислат за формирање европска онлајн платформа за филмови, се наведува во документот до кој дојде Политико (Politico.eu).

Во документот од 1. октомври директно не се споменува Netflix или која било друга странска платформа за стриминг. Но, во документот и се сугерира дека земјите-членки на ЕУ и ЕК треба да „размислат за европскиот дигитален и технолошки суверенитет“ и да поттикнат воспоставување европска платформа за стриминг со европска содржина „за што е можно повеќе европски граѓани“.

Американските платформи Netflix и Amazon Prime се најголемите платформи за стриминг во Европа со повеќе од 80 милиони претплатници. На третото место е Disney+ со 10 милиони европски претплатници.

Европските радиодифузери се ограничени со територијални правила кои ја ограничуваат дистрибуцијата на содржинi, додека странските платформи емитуваат низ целата Унија. Словенија оценува дека земјите-членки на ЕУ и ЕК мора повеќе да направат за да ја зачуваат културната разновидност на содржини достапни за Европејците и да промовираат локални содржини.