Flickr уште во ноември, 2018. година најави промени врзани за корисничките профили, кои сега ќе бидат поделени на бесплатни и премиум по цена од 50 долари на годишно ниво.

И додека компанијата досега им даваше наа корисниците еден терабајт простор за чување фотографии, бесплатните профили сега ќе бидат ограничени на 1000 фотографии.

Исто така, сите кои имаат бесплатен профил и повеќе од 1000 фотографии на платформата, по 5. февруари би можеле да останат без нив.

Ова може да претставува сериозен проблем, бидејќи за многумина Flickr претставување магацин за бројни фотографии и сеќавања. Тоа исто така значи дека овие корисници би можеле да останат без голем дел од тоа.

Секако, наајочигледно решение е бекапот на овие фотографии на некое друго место или медиум, но ни тоа нема да биде премногу, бидејќи процесот на преземање фотографии не е баш најлесен.

Ако сакате да ги ископирате сите фотографии, на пример на хард диск, тоа нема да оди глатко, бидејќи во една тура можете да повлечете максимално 500 фотографии.