Samsung го најави новиот 50MP ISOCELL GN1 сензор, кој го карактеризираат големи 1.2um пиксели. Во прашање е првиот сензор на компанијата кој нуди поддршка за Dual Pixel и Tetracell технологиите.

Сензорот има автофокус со фазна детекција (PDAF), кој овозможува фокусирање на објекти од било кој агол на сензорот. Samsung разви и софтверски алгоритам кој оди со сензорот, а овозможува креирање фотографии со компарабилна резолуција со 100MP.

Со користење на Tetracell технологијата, Samsung ги подобрува можностите на сензорите во услови на слабо осветлување. ISOCELL GN1 сензорот ќе спои четири пиксели во еден, што овозможува големината на секој пиксел да се дуплира на 2.4um и да се зголеми осветливоста на светлината до четири пати. Сензорот ќе овозможи 12.5MP фотографии со Tetracell технологија.

Останатите карактеристики на сензорот вклучуваат EIS, Smart ISO, HDR во реално време и поддршка за снимање од 8K @30fps. Samsung 50MP ISOCELL GN1 сензорот во масовно производство ќе се најде од овој месец, а до крајот на годината се очекува во паметните телефони.