Honor V6 таблетот е официјално претставен, а уредот го краси 10,4-инчен 2K (2000 x 1200p) дисплеј со 84% screen-to-body однос. V6 го покренува Kirin 985 чипсет во комбинација со 6GB RAM и 128GB простор за складирање.

Со таблет уредот пристигнува и паметно пенкалце, кое Honor го нарекува Magic Pencil, со 4096 нивоа осетливи на притисок. Таблетот поддржува можности за брзо споделување содржини од Honor и Huawei телефоните. Главната камера од 13MP f/1.8 и LED блиц се наоѓаат на задната страна, додека од предниот дел е сместена 8MP f/2.0 камера за селфи и видео повици.

Таблетот го напојува 7250mAh батерија, со поддршка 22.5W брзо полнење. Постои и официјален додаток за тастатурата. Кога е во прашање софтверот, присутна е поддршка за Magic UI 3.1 (заснован на Android 10), но корисниците ќе мораат да се потпираат на Huawei Mobile Services и App Gallery за преземање на апликации.

Нема информации за цената и достапноста на Honor V6 таблетот, а овие детали се очекуваат во јуни.