Истражувачите сметаат дека антителата на ламата би можеле да помогнат во заштитата на оние кои до сега не биле заразени од коронавирусот, пренесува Гардијан.

Според студијата која минатата недела е објавена во научното списание Cell, антителата во крвта на ламата би можеле да пружат заштита од коронавирусот. За разлика од луѓето, ламите имаат мали антитела кои можат да продрат во протеините на вирусот кои се премали за човековите антитела, што им помага да се изборат со заканата која доаѓа од нив. Истражувачите се надеваат дека антителата на ламата би можеле да им помогнат на луѓето кои се уште не се заразени со коронавирусот.

И претходно беше докажано дека антителата на ламата можат да се борат против Сарс и Мерс, поради што научниците помислиле дека тие би можеле исто така да бидат ефикасни и во борбата против Ковид-19. Тоа се покажа како точно, барем на ниво на клетка, а следен чекор се клиничките испитувања на што истражувачите моментално работат.

За сите љубители на ламите, ваквата вест не претставува изненадување, овие животни се познати по тоа што помогнале во лечењето на разни болести, а во последно време се испитува нивниот потенцијал и во борбата против ХИВ и други вируси.

Освен тоа многумина сметаат дека моќта на лекувањето на ламите оди понатаму од она на микроскопско ниво и дека овие животни имаат способност и да ја намалат анксиозноста кај луѓето. Ламите и луѓето се природни сојузници, тврди Џорџ Калдвел кој се занимава со одгледување на лами во Калифорнија.

Ламите имаат повеќекратна корист во животот на луѓето, дури и нивната крв е благотворна са нас, рече тој.