Facebook пред неколку недели го објави Messenger Rooms, платформа која на стандарните корисници им овозможува да останат поврзани и во текот на периодот кога е актуелна изолацијата предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Messenger Rooms сега почнува да им биде достапен на сите.
Глобалната достапност на платформата им стигнува на корисниците постепено, а кога ќе стане достапна ќе биде можно креирање на „соба“ од Facebook (во Северна Америка) или Messenger (глобално). Можно е да има до 50 луѓе во бесплатен видео повик и нема временски ограничувања.
Messenger Rooms е заснован на систем домаќини/гости, а можно е преку линко да се повикуваат и луѓе кои немаат креиран Facebook профил. Домаќинот на повикот бира кој може да ја види и да и се придружи на собата, може да ја заклучи или да исфрла луѓе од неа.