Купувачите ширум светот потрошиле 171 милијарда долари на апликации во 2023 година, што е за скромни 3% повеќе од 2022 година, покажаа податоците од data.ai со седиште во Сан Франциско.

Бројот на преземања на апликации минатата година изнесуваше 257 милијарди, што е само еден процент повеќе од 2022 година, пренесува Tech Crunch.

Корисниците трошат најмногу на мобилни видео игри, но TikTok ги поттикна трошоците за други видови апликации да пораснат за 11 отсто на 64 милијарди долари во 2023 година.

Минатата година потрошувачите најмногу го преземале TikTok и потрошиле најмногу пари на него, но најмногу време поминале на апликацијата Facebook.

Најпопуларната мобилна видео игра според бројот на преземања беше Subway Surfers, додека корисниците најмногу време поминуваа играјќи ја Candy Crush Saga.