Во Русија успешно е изведена првата фаза од тестирање на нов пулмолошки модул наречен COVID – MULTIVOX, кој може дигитално да го одреди степенот на оштетување на белите дробови, без присуство на доктор специјалист, објави прес-службата на Државниот универзитет Ломоносов во Москва.

Модулот целосно е дизајниран од руски научници, а во проектот учествувале и Институтот за нуклеарна физика, Одделот за фундаментална медицина на универзитет Ломоносов, државната болница во Москва број 52 и корпорацијата „Гамамед“.

Новиот модул, кој снима и репродуцира 3Д снимки од белите дробови, треба да биде интегриран во болничките информативни системи, со што значително ќе се подобри ефикасноста на клиничката дијагностика.