Во случај да се надевате дека Владата на Доналд Трамп ќе ги ублажи ограничувањата за Huawei во поскоро време, следуваат лоши вести. Претседателот на САД ја продолжи извршната наредба од мај 2019. година, забранувајќи во САД да се користи телекомуникациската опрема на Huawei, пренесува Reuters. Продлжувањето ќе трае до мај, 2021. година.

Иако обновената наредба изрично не го наведува Huawei, јасно е насочена кон кинеската компанија и претставува потенцијални ризици по безбедноста, како ZTE.

Со тоа на ум, на Huawei и натаму му е дозволено да соработува со некои американски компании, воглавно во доменот на 5G и другата мрежна опрема. Компанијата има посебно силно присуство во руралните средини, кои непотребно би биле погодени, кога би морала да се замени постоечката Huawei опрема во од.

Американското министерство за трговија досега издаваше привремени продолжувања на лиценцата, но организациите како CTIA, трговско здружение за безжична индустрија, бараа потрајно продолжување поради несигурноста на моментната состојба. Reuters пренесува дека CTIA тврдела дека „континиураниот, ограничен ангажман со Huawei поради заштита на безбедноста на опремата и уредите на пазарот им користи на американските потрошувачи, намалувајќи го ризикот дека тие ќе бидат предмет на компромитирање на уредите“.