Во текот на претходните недели имавме прилика да дознаеме доста работи за Honor X10 5G телефонот, кој ќе биде претставен на 20. мај. Најновиот тизер објавен на Honor Weibo страниците, потврдува дека смартфонот ќе има 90Hz освежување на екранот, со 180Hz touch sampling.
Од претходно протечените вести дознавме дека Honor X10 се очекува со 6,63-инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција, Kirin 820 чипсет, 4200mAh батерија со поддршка за 22,5W брзо полнење. Сензорот за отпечатоци од прсти ќе биде сместен од бочната страна, додека на задната страна ќе се најде Sony IMX 600y главната камера.
Honor X10 ќе има 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Тука е и поддршката за 5G мрежи во девет опсега.