Samsung се подготвува за официјалното претставување на следната генерација на флексибилни телефони, кои најверојатно ќе ги носат имињата Galaxy Fold4 (наводно буквата „Z“ ќе биде исфрлена од името) и Galaxy Flip4.

Пред тоа официјално објавување, низа протечени информации и гласини веќе ни даваат одредена идеја за уредите, а сега дојавувачот Ice Universe објави на Twitter споредба на екранот помеѓу Galaxy Fold4 и неговиот претходник – моделот Galaxy Z Fold3.

Според информаторот, односот на внатрешниот екран Fold4 ќе биде 6:5, во споредба со односот 5:4 на неговиот претходник. Кога станува збор за надворешниот екран, соодносот ќе биде 23:9, додека Galaxy Z Fold3 имаше сооднос 24,5:9.

Како што можете да видите на фотографиите, Fold4 има повеќе квадратен дизајн во споредба со Fold3. Покрај тоа, може да се види дека следниот флексибилен телефон ќе биде малку пократок и поширок од моделот Z Fold3.

Ice Universe исто така споменува дека Galaxy Fold4 ќе има батерија од 4400mAh, додека Flip4 ќе има батерија од 3700mAh. На двата телефона се очекува чипсет Snapdragon 8 Gen 1 Plus, додека Fold4 ќе има поддршка и за паметното пенкало S Pen.