Рос Јанг, основач на Извршен директор на аналитичката компанија Display Supply Chain Consultants, објави нови детали за претстојната Galaxy Note20 серија.
Според неговите сознанија, нема да постои Note20 Ultra верзијата. Samsung Galaxy Note20+ ќе биде најмоќниот модел во серијата. Телефонот ќе има нешто поголем дисплеј од својот претходник (6.87 инчи) со 1440p+ резолуција. Освежувањето од 120Hz ќе биде најголем додаток на дисплеите оваа година, додека заштедата на батеријата ќе биде овозможена преку варијабилната стапка на освежување.
Note 20+ Display Leak
Note 20+ will grow from 6.8" to 6.87", resolution will increase to 3096 x 1444 resulting in a 497 PPI, 19.3:9 aspect ratio. It will also have 120Hz refresh with LTPO, lowest power implementation of 120Hz due to variable refresh. #GalaxyNote20+— Ross Young (@DSCCRoss) May 11, 2020
Galaxy Note20 ќе има 6.42-инчен екран со 1080p+ резолуција. Овој модел исто така ќе добие стапка на освежување на екранот од 120Hz. OLED панелите ќе бидат креирани со помош на LTPO технологијата, која нуди 5 до 15 проценти поголема заштеда на потрошувачката во одност на LTPS панелите.
Дојавувачот Ice Universe во твит се сложи со информациите кои ги објави Рос Јанг, што им дава дополнителен кредибилитет на овие информации за Galaxy Note20 линијата.
Поврзани артикли