Apple Watch Series 6 би требало да донесе некои нови можности фокусирани на здравјето.

Techradar пишува дека Apple Watch ќе има сензор кој ќе му овозможи да превиди напад на паника. Аналитичарот Џон Просер во текот на подкастот Geared Up рече дека новиот смартвоч ќе биде фокусиран на „можностите поврзани со менталното здравје“, како што се жироскопите кои можат да осетат кога слабите корнисниц ќе колабираат или паднат.

Просер истакна дека Apple Watch 6 би требало да може „да го анализира нивото на кислород врз основа на бројот на отчукувања на срцето и да установи дали корисникот хипервнетилира“.

Часобникот наводно ќе може да детектира напад на паника пред да се случи и да го предупреди корисникот. Ако тоа се случи во текот на возењето, часовникот ќе го предупреди возачот да го запре возилото и ќе понуди инструкции за вежби на дишењето.

Новиот Apple Watch се очекува кон крајот на оваа година, но постои и можност да го видиме дури следната година.