Римскиот аеродром Фиумичино е првиот во Европа што воведе „паметни кациги“ за мерење на температурата за да спречи ширење на коронавирусот.
Ова се преносни мерачи на температура или термоскенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание и до седум метри.
Ако уредот утврди температура над 37,5, ќе следи медицински преглед.
Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фјумичино“ за нормализирање на авиосообраќајот што е можно поскоро, со максимална безбедност на патниците.
Поврзани артикли