Пандемијата на Ковид-19 можеби почнала во месец октомври, доколку судиме според податоците на најновото истражување на генетскиот состав на вирусот.

Се смета дека патоген, форманлно познат како SARS-CoV-2, преминал од почетниот домаќин на луѓето помеѓу 6-ти октомври и 11-декември минатата година, се наведува во истражувањето објавено во вторникот и кое што ќе биде објавено и во понатамошниот период.

Резултатите се засновани на анализа на над 7.000 секвенци на геноми, собрани од целиот свет од месец јануари. Испитувана била и еволуцијата на главните мутации на коронавирусот.

Исто така тие можеле да ги идентификуваат главните мутации на коронавирусот, кои што продолжиле да се развиваат од моментот кога вирусот преминал на човекот.

Додека ретроспективните студии сугерирале на различни датуми кога се појавил првиот пациент заразен од коронавирусот, податоците од кинеската влада покажуваат дека првиот случај бил идентификуван на 17-ти ноември.

Врз основа на информациите кои што во јануари ги објавила лабораторија во Шангај, научниците претходно заклучиле дека Ковид-19 најверојатно потекнува од лилјак, а потоа преминал на човекот во месец ноември.

Иако постоеле варијации и мутации, и еволуциски фази, сепак вирусот кој што го проучивал тимот успеал да го пронајде неговиот заеднички предок (MRCA), што за возврат им дало нова процена за почетокот на здравствената криза со која што светот се соочува.

Извор: Kurir.rs