Според најновиот извештај на компанијата Strategy Analytics, пазарот на паметни часовници остварил раст од 20 проценти во текот на првото тримесечје оваа година во однос на истиот период минатата година. Испорачани се 14 милиони уреди.
Apple повторно е најдоминантен бренд во овој сегмент, со пазарно учество од 55 проценти и испорака од 7,6 милиони уреди. Далеку зад него е Samsung со испорака од 1,9 милиони телефони. На третото место е Garmin (1,1 милиони) со раст од 38 проценти.
Apple, Samsung, Garmin и Fossil забележиле раст на продажбата во текот на првиот квартал, со тоа што јужнокорејската компанија забележала пад на пазарниот удел од 14,9 на 13,9 проценти, најмногу поради Ковид-19 пандемијата.
Аналитичарите, сепак, очекуваат дека во текот на вториот квартал испораката на паметни часовници ќе оствари пад, а дека пазарот повторно ќе се опорави во третото тримесечје.
Поврзани артикли