Група астрономи од Европската јужна опсерваторија и други институции открија црна дупка која е само 1.000 светлосни години оддалечена од Земјата.

Новата црна дупка која научниците ја открија соседството на Сончевиот систем е толку блиску до Земјата, така што ѕвездите кои што кружат околу неа можат да се видат и со голо око.

Црната дупка која се наоѓа само на 1000 светлосни години од Земјата била откриена со помош на “ESO (European Southern Observatory)” опсерваторијата во Чиле. Луѓето од јужната хемисфера на Земјата можат без користење на телескоп да ги видат ѕвездите кои кружат околу новопронајдената црна дупка.

„Бевме целосно изненадени кога сфативме дека тоа е првиот ѕвезден систем со црна дупка кој може да се види со голо око“, изјави Петр Хардава, научник од чешката академија на науки во Прага и еден од авторите на студијата.

Станува збор за една од првите пронајдени црни дупки кои не реагираат насилно на својата околина, што значи дека е навистина црна и не може да се види поради нејзиното влијание на останатите видливи објекти како што се ѕвездите. Астрономите и покрај тоа ја откриле надбљудувајќи ја орбитата на внатрешната ѕвезда на тој бинарен систем, која изгледала пореметено поради некој голем мистериозен објект.

„Невидливиот објект со маса најмалку четири пати поголема од Сонцето може да биде само црна дупка“, вели водачот на студијата, Томас Ривиниус.