Airbnb поради пандемијата од коронавирусот отпушта 25 проценти од работната сила, која се однесува на скоро 1.900 вработени во оваа стартап компанија за изнајмување на станови.

Според Reuters, повикувајќи се на неименувани извори, вработените ќе добијат отпремнина во износ од четиримесечни плати и здравствено осигурување за една година.

Се очекува компанијата денес за тоа да ги извести вработените, наведува британската агенција.

Во март, Airbnb ги прекина сите свои маркетинг активности за да заштеди 800 милиони долари во 2020 година и им соопшти на работниците дека нејзините основачи нема да земаат плати во наредните шест месеци, додека на највисоките раководители примањата ќе им бидат намалени на половина.