Неодамнешните извештаи сугерираа дека Poco брендот наскоро ќе го објави Poco/Pocophone F2 Pro телефонот. Гласините укажуваат на тоа дека телефонот ќе биде ребрендирана верзија на Redmi K30 Pro моделот. Малопродажниот синџир Gearbest објави промотивна страница на уредот со главните спецификации, што сугерира дека Poco F2 Pro ќе биде претставен наскоро.

Poco F2 Pro листингот покажува дека ќе постојат две варијанти на меморија и простор за складирање: 6GB RAM + 128GB складирање и 8GB RAM + 256GB. Телефонот е прикажан во виолетова, бело сива и сина боја.

Дисплејот од 6,7-инчи е Super AMOLED и има дизајн без засек, а се очекува и pop-up селфи камера од 20MP. На задната страна ќе се најдат 64MP + 13MP + 5MP + 2MP камери. Батеријата од 4700mAh би требало да поддржува 33W брзо полнење. Уредот ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет.