Messages, апликацијата на Google за размена на SMS и директни пораки бележи се поголема популарност, а според интернет страницата 9to5Google, апликацијата доживеа една милијарда инсталации на уредите базирани на оперативниот систем Android.

Тоа е значаен успех за апликацијата, со оглед на тоа дека не доаѓа прединсталирана на поголем дел од уредите, како што е тоа случај со некои други апликации, туку е инсталирана на само неколку уреди како што се Google Pixel телефоните.

Апликацијата ги поддржува RCS или Rich Communication Services, стандард кој е создаден како можна замена за класичната SMS технологија и поддржува функционалности, како што се групен чет или размена на GiF-ови, што е обично карактеристика која ја содржат сервисите за размена на пораки преку Интернет (на пример Facebook Messenger).

Треба да се напомене дека поддршката за RCS варира од регион до регион и дека зависи и од телекомуникацискиот оператор на корисникот. Апликацијата Google Messages е можно да се преземе од официјалната Google Play продавница за апликации.