Дали виновник за цените е инфлацијата или желбата на Apple за што поголема заработка?

Кога беше претставен првиот iPhone во 2007. година, основната верзија со 4 GB простор за складирање податоци чинеше 499 долари.

Кога iPhone XS беше претставен на почетокот на оваа есен, основниот модел на Apple со 64 GB интерна меморија чинеше 999 долари.

Јасно е дека секој нов iPhone е значително поскап од претходниот, но ако ја земеме во предвид и инфлацијата од 2007. до 2018. година, колку оваа цена навистина пораснала?

Еден корисник на Reddit го направи токму тоа, ја зема во обзир инфлацијата за да ни покаже колку би чинел секој iPhone модел доколку е претставен во 2018 година, односно во денешно време.