Опсерваториите ширум планетата на 28. април регистрираа рафал на неверојатно јасни радио бранови во траење од милисекунда, следен од јасна емисија на икс-зраци, пишува австралиското научно списание Science Alert.

Астрономите се уште ги анализираат добиените податоци, но поголем дел од нив се согласуваат дека овој настан конечно би можел да го открие изворот на брзите радио-бранови (FRB) за кои со години се трага.

Брзите радио-бранови се една од најфасцинантните мистерии во вселената.

Овие исклучително силни радио сигнали од длабоката вселена, галаксија оддалечена милиони светлосни години, ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони сонца.

Сепак, траат помалку од трепетот на окото и поголем дел од нив не се повторуваат, што ги прави многу тешки за проучување.

 

Можните објаснувања се движеа од супернова до вонземјани, но една од поверојатните можности е дека радио-брановите ги произведуваат магнетарите, чудните неутронски ѕвезди, со исклучително густо јадро настанати со намалување на ѕвездата до супернова.

Магнетарите имаат магнетни пола околу 1000 пати посилни од обичните неутронски ѕвезди, а се уште не е објаснето зошто е така.

Магнетарот SGR 1935 + 2154 е откриен на 27. април и на почетокот изгледаше релативно нормално, слично на другите магнетари.

Меѓутоа, веќе следниот ден, канадскиот телескоп ĆIME направи откритие без преседан, сигнал толку моќен што системот не може сосема да го квантификува.

„Вакво нешто никогаш претходно не било видено“, изјави Шринивас Кулкарни од технолошкиот универзитет Калифорнија за Science Alert.