Последниот долг период на вулканската активност траел дури 30 години, што би можело да се повтори и во иднина.

Во последните два и пол месеци, на исландскиот полуостров Рејкјанес на кој се наоѓа градот Гриндавик со над 3 илјади жители, забележани биле над 8 илјади потреси, што е знак на будење на вулканските активности на подрајчето кое што не еруптирало повеќе од 800 години.

„Откако овој регион беше неактивен со векови, сега се буди“ – предупредил вулканологот од Универзитетот Ланкастер, Дејв МекГрејв, а доколку навистина дојде до големи ерупции тогаш последиците би биле огромни.

Вулканолозите за „The Guardian“ објасниле дека специфично за ова подрачје е тоа што може да се очекува ерупција на вулканите во иднина – тие велат дека за разлика од типичните вулкани на Исланд кои на кратко се ‘будат’ на секои неколку години, на подрачјето на Рејкјанес вулканите можат да бидат активни во текот на 300 години, во кои има еруптивни епизоди кои што можат да траат долго.

Вулканите испуштаат ‘фонтална лава’, но често без голема количина пепел и експлозивна активност. Последната голема еруптивна епизода забележана била помеѓу 1210-та и 1240-та година, при што лавата се проширила на околу 50 квадратни километри.

Според последните сознанија на научниците, најмалку шест одделни ерупции кои што траеле од неколку седмици до неколку месеци, често во временски интервал од 12 години биле без вулканска активност.

Во случај да се случи тоа денес, како најлошо сценарио експертите предупредуваат дека лавата би се спуштила кон градот Гриндавик, а со проблеми би можеле да се соочат и геотермалните електрани кои што се наоѓаат во близина.

Ова подрачје е сместено во близина на Сината лагуна и на само 15 километри оддалеченост од меѓународниот аеродром, така што голем ризик во секој случај постои.

Извор: Zimo.hr