Остерхолм за ризикот од пандемиите пишува веќе 20 години, и наведе неколку можни сценарија, меѓу кои и тоа дека ситуацијата ќе се реши набрзо кое не го потврдува микробиологијата.

Новиот коронавирус веројатно ќе продолжи да се шири уште 18 месеци, односно две години, сè додека 60 до 70 отсто од популацијата не биде инфицирана, соопштил тим од водечки американски експерти.

Тие изјавиле дека САД треба да се подготви на најлошото сценарио кое што вклучува уште еден бран од епидемијата наесен и назима. И во најдобар случај, и понатаму ќе има смртни случаи, предвидуваат тие.

„Оваа работа нема да запре сè додека не бидат заразени 60 до 70 отсто од популацијата“ – изјавил Мајк Остерхом кој што е лидер во Центарот за истражување на заразни болести при Универзитетот во Минесота.

Поради тоа што Ковид-19 е нов вирус, никој не е имун на истиот.

„Должината на пандемијата ќе трае најверојатно од 18 до 24 месеци, затоа што имунитетот се гради постепено кај луѓето“ – се наведува во истражувањето.

Тие исто така навеле дека епидемијата Ковид-19 е најслична на сезонскиот грип, но дека истата се шири многу побрзо и полесно.

Прво: Првиот бран на Ковид-19 напролет, 2020-та година, ќе биде проследен со серија помали бранови во текот на летото, а потоа константно во текот на период од една година или две, постепено ќе се намалува во 2021-та година.

Второ: Првиот бран на Ковид-19 ќе биде проследен со уште еден голем бран наесен или назима и еден помал бран во 2021-та година. Тоа би можело да доведе до повторно воведување на мерки наесен за да се спречи брзото ширење на вирусот и колапс на здравствениот систем. Експертите тврдат дека ваков случај е забележан во текот на пандемијата во 1918-1919 година.

Трето: ‘Споро исцрпување’ на моменталниот процес. Тоа сценарио не би довело до враќање на мерките, иако и понатаму би имало заразени и починати луѓе.

Извор: Avaz.ba