Карпата од Месечината, тешка 13,5 килограми веројатно се отцепила од површината на Месечината при судир со астероид или комета, а потоа се срушила во Сахара.

Познат како „NVA 12691“, карпата се смета дека е петтото најголемо парче на Месечината пронајдено на Земјата. Инаку, на нашата планета има околу 650 килограми карпи од Месечината.

„Искуството во своите раце да држите парче од друг свет е нешто што никогаш не можете да го заборавите. Тоа е вистински дел од Месечината. Има големина колку една издишана фудбалска топка“, изјави Џејмс Хислоп од аукциската куќа.

Како и многу метеорити кои се откриени, овој во Сахара го пронашол анонимен пронаоѓач. Научниците станале сигурни дека карпата е од Месечината откако ја споредиле со примероците на карпи кои астронаутите од американската вселенска мисија „Аполо“ ги вратиле на Земјата.

„Во 60-те и 70-те години од минатиот век, програмата „Аполо“ со себе на Земјата донесе околу 400 килограми месечеви карпи и научниците можеа да ги анализираат хемиските и изотопните композиции на тие карпи, по што утврдија дека одговараат на одредени метеорити“, изјави Хислоп.

Метеоритите се неверојатно ретки и само околу еден на илјада доаѓаат од Месечината, што ги прави многу посебни.

„Очекуваме голем меѓународен интерес за ова од музеите. Тоа е прекрасен трофеј за сите оние кои се заинтересирани за историјата на вселената или истражувањето на Месечината“, изјави Хислоп.

Извор: Kurir.rs