Јапонскиот технолошки гигант Sony во февруари годинава го претстави паметниот телефон Sony Xperia L4. Повеќе од два месеца по официјалното претставување, овој смартфон конечно почна со продажба.

Sony Xperia L4 е достапен во европските продавници по препорачана малопродажна цена од 199 евра. Покрај овој телефон, уште еден телефон од Sony почна со продажба, но засега само во Тајван. Се работи за Sony Xperia 10 II, кој исто така беше претставен во февруари оваа година. Се очекува да стигне на европскиот пазар кон средината на јуни.

Само за потсетување, Sony Xperia L4 доаѓа со IPS LCD екран со големина од 6,2 инчи и резолуција 720 x 1680 пиксели. Во врвот на дисплејот се наоѓа засек во кој е сместена селфи камерата од 8 мегапиксели. Телефонот го покренува MediaTek Helio P22 чипсет спарен со 3 GB RAM меморија и 64 GB простор за складирање, кој може да се прошири со microSD картичка, а Sony Xperia L4 се испорачува со Android 9 Pie.

На задната страна уредот има три камери – главна од 13 MP, ултраширока од 5 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Телефонот поседува батерија со капацитет 3580 mAh.