Својот централен настан наменет за програмери, Worldwide Developers Conference, Apple секоја година го отвора со голема Keynote презентација на која говори за новитети во софтверот, а понекогаш и хардвер.

Оваа година на ред дојдоа iOS, iPadOS, watchOS и macOS, додека не беше претставен нов хардвер. Како и сите настани наназад во претходната година и пол, и WWDC21 се одржува исклучиво онлајн, па таква беше и воведната презентација – во виртуелен аудиториум пред виртуелна публика, која ја претставуваат препознатливите memoji на Apple.

iOS 15

За почеток, Apple се посвети на iOS во верзијата 15. Новата верзија на мобилниот оперативен систем ќе донесе унапредување на FaceTime, кој со аудио ефектите, ќе донесе и чувство на простор во видео разговорите, а звуците ќе бидат изолирани, така што микрофонот ќе го фаќа гласот само на оној кој зборува во него. Видео конференциите ќе поддржуваат и портретен режим за предната камера, а во разговорите ќе можат да се приклучат и корисници од други оперативни системи преку делени линкови.

Новата функција SharePlay ќе овозможи заеднички гледање видеа и слушање музика, преку Face ID. Apple отвори и API за оваа функција, па гледањето на содржини ќе биде можно и од надворешни извори, односно од надворешните социјални мрежи и стриминг услуги.

Апликацијата iMessage ќе добие редизајн, кој ќе вклучува подобра интеграција со галерија фотографии и други апликации, како и попаметно делење на линкови.

iPhone во новата надградба на iOS ќе може на својот корисник да му помогне во барањето на рамнотежа помеѓу работата и забавата. Нотификациите ќе бидат редизајнирани и ќе добијат опција за создавање „резиме“ – па нема константно да го затрупуваат екранот на заклучениот уред. Пред корисникот ќе се става само она најбитното, и тоа тогаш кога има време да ги погледне. Додатокот наречен Focus ќе ви овозможи да изберете кои апликации во кое време смеат да „пречат“ и да испраќаат нотификации – било да е тоа спиење, работно време или време на денот резервирано за семејството.

Од фотографиите, од геларијата или директно од камерата, ќе биде можно директно во iOS да се препознава текстот, преку OCR функцијата, која во Apple ја нарекоа LiveText. Тоа ќе овозможи и текстуално пребарување на фотографии и својата визуелна содржина на нив, па и преведување директно во iOS со надградената апликација Translate.

Освежената апликација Weather ќе покажува значително подетални и дизајнерски подобрените временски прогнози, а Apple Maps постепено ќе добиваат 3D приказ и поддршка за проширена реалност.

iPadOS 15

Оперативниот систем за таблет уредите на Apple донесува поголема флексибилност во распоредот на виџетите на почетниот екран на iPad, а самите виџети ќе бидат повеќе прилагодени на екранот на големиот екран. iPadOS ја добива и App Library, која минатата година пристигна на iOS.

Подобрено ќе биде и искуството на мултитаскинг на iPad. Така, на пример, корисниците ќе можат да ги складираат често користените двојки на апликации и со еден клик на екранот да ги вратат во оној распоред на кој се навикнати да ги користат.

Надградбата на апликацијата Notes го донесува и QuickNote – брза функција што ќе отвори  „post-it“ хартија на екранот за брзо пишување потсетници и зачувување на истите во форма на белешки.

Swift Playgrounds на iPad сега ќе овозможува креирање на iOS и iPadOS апликации директно на таблетот, каде што ќе може веднаш да се испробаат.

watchOS 8

Паметните часовници Apple Watch со оваа надградба ќе овозможи вежби за дишење, моменти на опуштање и подобро следење на сиклусот на спиење, па и ритамот на дишење на корисникот. Преку часовникот ќе биде можно прегледување на омилените фотографии, но и да се поделат со контактите преку порака или мејл, без користење на iPhone.

macOS

Во новата верзија Monterey, оперативниот систем за Mac ќе ги пренесе сите надградби кои ги донесуваат iOS и iPadOS, претставени претходно, како што севQuickNote, Focus, паметно делење итн.

Оваа надградба ја донесува и опцијата Universal Control, која ќе овозможи истиот маус, тракпад и тастатура да се користат на повеќе уреди – iPad или Macovima – што практично iPad го претвора во дополнителен екран за Mac. Функцијата овозможува и лесен пренос на документи од еден компјутер на друг, како да се меѓусебно споени, или пак меѓу Mac и iPad.