OnePlus Z, за кој се верува дека е lite верзија на OnePlus 8 серијата, не беше објавен во текот на презентацијата на компанијата на 14. април. Сега дојавувачот Max J. сугерира дека телефонот ќе биде претставен во јули.
Кинеската компанија досега се уште не потврди дека работи на lite модел. Гласините споменуваат дека ова би требало да биде прв OnePlus телефон кој нема да користи Snapdragon чипсет, а наместо тоа ќе го има MediaTek Dimensity 1000L, кој и натаму има поддршка за 5G.
Фотографијата која ја објави Max J. покажува селфи камера центрирана во врвот на дисплејот, а не од левата страна како кај OnePlus 8 и 8 Pro моделите. Исто така, делува дека е во прашање punch-hole отвор, а не засек како кај претходните генерации. Се очекува дека OnePlus Z ќе има AMOLED дисплеј, како и три камери на задната страна.
Поврзани артикли