Иновативна табла што ќе промени сè

Германскиот Continental соработува со стартап компанија од Сан Франциско, а благодарение на нивната технологија, развива иновативна 3D контролна табла која ќе може да се користи без специјални очила.

Контролната табла обезбедува важни информации и известувања за возачот – како што е проекција на GPS правецот – за да се олесни возењето, а притоа да се зголеми безбедноста и брзината на „апсорбирање на информации“, се вели во соопштението на компанијата. Производителот тврди дека 3D-дисплеите нема премногу да му пречат на возачот, затоа што, во споредба со 3D-филмовите, објектите на дисплејот нема да се „искачаат“, односно во длабочина ќе одат се на се 5 сантиметри.

Оваа специјална технологија ќе му овозможи на возачот на контролната табла да види сè без никакви проблеми, дури и ако сончевата светлина удира во неа.

Контролната табла од иднината го следи трендот на автономно возење, кој им овозможува на возачите целосно да го свртат вниманието од патот. Во иднина, кога автомобилите во целост ќе бидат автономни, производителот наведува дека дисплеите ќе понудат многу повеќе активности што во моментот не можат поради намалување на безбедноста на возачот.

Покрај практична примена, контролната табла ќе ги поздравува сопатниците и ќе биде видлива и за оние кои што седат на задните седишта. Резолуцијата на дисплејот се очекува да биде во рангот 4K.