Астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица имаат единствен поглед на Земјата и Вселената. Поради тоа, не изненадува што од време на време ќе направат и ќе споделат снимки кои го одземаат здивот.

Така и сега споделија неверојатни снимки од Млечниот пат, но и единствениот поглед на вселената снимен низ еден од прозорците на капсулата Crew Dragon.

Астронаутот Мајк Хопкинс сподели на Твитер видео снимено од астронаутот Соичи Ногучи. Видеото, кое трае само 15 секунди, прикажува прекрасен поглед на ѕвездите и универзумот, во кои тие можат да уживаат секој ден.

„Мислев дека погледот не може да бидат подобар, а потоа мојот колега Соичи Ногучи го направи ова ноќно видео од Resilience и ме воодушеви“, напиша Хопкинс.

На тимот што дојде на Меѓународната вселенска станица со капсулата Crew Dragon на SpaceX, на 22. април треба да му се приклучи уште еден екипаж кој би требало да дојде со друга капсула на SpaceX.