По објавата на Galaxy S20 линијата, Samsung го префрла фокусот на идните модели во рамките на Galaxy Note серијата. Меѓутоа, тоа значи дека се почесто ќе почнеме да гледаме информации, гласини и шпекулации за моделите од Galaxy S серијата, кои се очекуваат следната година.

Сега дојавувачот Ice Universe преку својот Twitter профил ни овозможува да дознаеме некои од првите информации за Galaxy S21 (или можеби Galaxy S30) телефонот, за кој се очекува дека ќе пристигне со селфи камера сместена под дисплејот.

Samsung вообичаено ги имплементира новите карактеристики на камерите преку Galaxy S линијата, така што би имало смисол S21 да пристигне со споменатата интегрирана камера. Од друга страна, имплементирањето на таквото решение е се уште прилично тешко. Постојат неколку пречки, како што е недоволната количина светлина која допира до сензорот, потоа поклопувањето на густината на пиксели од областа каде што е сместен сензорор со остатокот од екранот и друго.

Секако, Samsung е водечка компанија кога е во прашање производството на екрани за мобилните уреди и има доволно ресурси да може да ги надмине проблемите кои во настанале во имплементацијата на селфи камерата под дисплејот. Останува да се види дали наводите од гласините се вистинити, а Samsung се уште не се огласи по ова прашање.