LG на 7. мај официјално ќе го претстави својот најинтересен телефон во последно време. LG Velvet ќе биде прв во линијаѕа модели од горниот среден сегмент, кој би требало да ја замени G серијата на компанијата.
Јужнокорејската компанија во претхдониот период објавуваше тизери и навестуваше некои од карактеристиките на смартфонот, вклучувајќи го Snapdragon 765 5G чипсетот, но сега протекоа целосните спецификации на уредот (освен големината на екранот).
LG Velvet, според новите информации, ќе го има споменатиот Snapdragon 765 чипсет, со поддршка за 5G конекција. На задната страна се наоѓа 48MP главна камера со OIS поддршка, 8MP ултраширок и 5MP сензор на длабочина. Се сугерира дека главниот сензор е Samsung ISOCELL Bright GM2. Од предната страна се очекува 16MP селфи камера, сместена во засек. Velvet има и сензор за отпечатоци од прсти во екранот.
Телефонот пристигнува со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, проширлив преку microSD слот. Тука се и вградените стерео звучници и IP68 сертификатот за водоотпорност. Димензиите на уредот се 167,1 x 74 x 7,85 мм, а тежок е 180 грама.
Уредот ќе го напојува батерија од 4300mAh со поддршка за брзо и безжично полнење. LG Velvet ќе биде достапен во Aurora White, Aurora Green, Aurora Gray и Illusion Sunset варијантите на бои, по цени помеѓу 700 и 800 евра за Европа.