Компанијата за паметни телефони „OnePlus“ направи студија да пресмета колку метри дневно поминуваме „скролајќи“ ги екраните на нашите смартфони. Резултатите изгледаат запрепастувачки. Европскиот просек е 183 метри!

Вистински рекордери во оваа „дисциплина“ се Италијанците. Тие дневно со прстите минуваат во просек по 263 метри скролајќи по дисплејот на својот телефон. Французите минуваат 141, а Данците по 133 метри.

Студијата, спроведена за комерцијална операција на „OnePlus“, покажува дека повеќето Европејци најмногу „скролаат“ по социјалните мрежи како Instagram и Facebook.