Компанијата Amazon претстави нов говорен стил за својот уред Alexa, соопштено е во седиштето на овој IT гигант. Покрај новиот глас, додадени се и нови можности за другите AI гласови. Новиот говорен стил е прилагоден за читање на долги содржини, како тестови или подкасти.
Amazon објасни дека овој гласовен стил е покренат за да му овозможи на Alexa уредот поприродно да зборови и прави паузи во текот на разговорот. Корисниците веќе се јавија со замерки дека ова не е ништо револуционерно, туку уредот само прави подолга пауза во говорот, и тоа е се.
Новите стилови за вести и разговори ќе им бидат додадени и на другите гласови, како и на оние кои зборуваат англиски. Новите гласови и опции ќе бидат достапни на вкупно шест јазици, што е проширување во однос на претходните ажурирања.
Во Amazon овие денови се сретнуваат со големи проблеми, од отпуштање на работници поради кршење на интерни правила, па се до штрајкови, забрана за достава во Франција, големи зарази во нивните магацини во САД, но има и убави вести. Имено, Amazon вработува голем број работници поради зголемената побарувачка на достава на стоки, но и отвора сопствена лабораторија за тестирање на вработените од коронавирус.
Поврзани артикли