Mozilla продолжува да бара алтернативни начини да генерира приходи од онлајн активностите на неговите корисници, при што еден од водечките акценти е на обезбедувањето на премиум услуги.

Во моментов, компанијата зависи од пребарувачите како Google и на овој начин заработува над 90 проценти од своите приходи. Со оглед на овие бројки, логично е Mozilla да сака да го промени својот бизнис модел со цел да биде поуспешен и да понуди подобри услуги за потрошувачите, пренесува mspoweruser.

Компанијата ја подготвува премиум услугата за претплата за да стане дополнителен извор на приходи покрај пребарувачот Firefox. Главниот извршен директор на Mozilla, Крис Бирд, ги потврди овие планови и наведе дека нивната нова понуда ќе се вика Firefox Premium. Корисниците ќе имаат пристап до складирање базирано на клауд и VPN мрежен софтвер. На овој начин, Mozilla сака да обезбеди поудобен и сигурен начин за сурфање..

Идејата на компанијата е да обезбеди оптимално решение за потребите на сите корисници. На пример, Mozilla ќе знае кога корисниците се поврзани со Wi-Fi мрежа и сакаат да користат онлајн банкарство. Нивната услуга ќе препорача тие да се префлрат на VPN за да се осигури безбедноста на личните податоци за време на трансакцијата. Официјалната премиера на услугата ќе биде во октомври, откако по истекот на пробниот период корисниците ќе бидат прашани да преминат кон премиум претплата.