Microsoft навистина се потруди овие денови да ја заинтересира играчката публика и да понуди несекогашен дизајн. На сите љубители на нивната Xbox конзола сега им е понудена лимитирана Xbox One X со дизајн кој е испириран од Cyberpunk 2077 видео играта.

Вредните дизајнери во Microsoft понудија навистина светликаво решение на нивната конзола Xbox One X. Таа вклучува налепници кои светат во темнина, ласерско гравирање, сини LED ламби на предната страна на куќиштето, како и прилагодени плочи. Во согласност со тоа изработени се и нови контролери, за кои веруваме дека идентично ќе бидат егзотични како и конзолата. Целиот пакет ќе биде достапен за купување од месец јуни оваа година.

Од компанијата Microsoft објаснуваат дека ова е еден од досега најдобрите прилагодени дизајни, а доаѓа три месеци пред пуштањето на самата игра во продажба. Овој пакет ќе биде наречен “1TB Xbox One X Cyberpunk 2077 Limited Edition“, а изгледа дека ќе содржи и копија на играта, која ќе биде лансирана нешто подоцна, во месец септември. И официјалната страница на конзолата е дизајнерски средена да изгледа како да е хакувана, а се во склад со играта за која најавуваат дека ќе биде голем хит.