Сателитите што вчеравечер прелетаа на небото, а глетката можеа да ја видат граѓаните е ретка астрономска појава. Бројни летечки тела налик на Месечини во разлика од неколку минути една за друга од правец запад кон исток, беа несекојдневна глетка.
Граѓаните кои завчера беа сведоци на слична глетка, сега ги очекуваа информации од Астрономска асоцијација.
Бројни забуни и неверувања за тоа што точно се случува на небото, од претпоставки дека станува збор за НЛО до нешто што е поврзано со актуелната состојба со коронавирусот ги поделија мислењата на социјалните мрежи.
Сепак, Скопското астрономско друштво даде објаснување за оваа несекојдневна појава.
„Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец на север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонцето и Месечината нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако ја знаете нејзина точна локација. Во народот е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што го навестува доаѓањето на денот или ноќта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудувањето на Венера или од просто незнаењето“.
„Втори се сателитите, а особено новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12.000 само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг, и добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надеваме дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата“, пишуваат од Скопското астрономско друштво.
Поврзани артикли