Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна на Меѓународната вселенска станица, помалку од 19 часа по лансирањето од Флорида.

Вчера успешно беше лансирана во вселената ракетата „Фалкон 9“. Станува збор за ракета на компанијата SpaceX на Елон Маск.

Ова е прв пат Американците да лансираат во вселената комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании.

За Маск, ова е уште еден огромен успех на неговите ракети со кои тој сака да ги направи летовите поевтини и почести.