Коронавирусот веројатно прешол на луѓе за првпат во јужна Кина и тоа месеци пред избивање на епидемијата во градот Вухан, открива новата студија.

Мапирајќи ја “мрежата” гени на коронавирусот и следејќи ги мутациите со текот на времето, тим истражувачи предводен од генетичар од универзитетот Кембриџ утврдил дека првата инфекција со Ковид-19 можно е да настанала уште во септември, јужно од Вухан.

“Вирусот можеби пред неколку месеци мутирал во конечниот облик кој влијае на луѓето, но останал во внатрешноста на лилјаците, другите животни или дури човекот неколку месеци без да инфицира други индивидуи”.

Тој и понатаму работи на истражувањето за потеклото на вирусот, а како што навел, вирусот започнал да се шири помеѓу луѓето помеѓу 13 септември и 7 декември, пренесувa “Russia Today”.

Веќе некое време кружат различни контроверзни приказни за настанокот на вирусот, а американскиот претседател Доналд Трамп го обвинува Пекинг за глобалната здравствена криза.

Трамп во повеќе наврати ја обвинуваше земјата за “заташкувањето” во раните фази на избивањето на вирусот, инсистирајќи на тоа дека СЗО им помогнала на кинеските службеници да ги прикријат информациите.

Извор: B92.net