На 6 април, новиот Motorola Razr смартфон ја доби посакуваната награда Red Dot: “Најдобриот од најдобрите”. Најголемата награда во категоријата Product Design на наградите Red Dot која е резервирана за производи со најиновативен дизајн. Оваа година во трката учествуваа дизајнери и компании од 60 земји со над 6 500 производи.

Во Motorola секогаш се стремиме да бидеме иновативни при дизајнирањето и инженерингот на смартфоните со цел да создадеме уреди кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите, истовремено обезбедувајќи им елемент на изненадување и задоволство. Ова важи за целото наше портфолио на производи, но најголемо беше признанието од Red Dot за уникатниот дизајн на преклопување на новиот смартфон Мotorola Razr.

Кога го дизајниравме Razr, тргнавме да го создадеме најдобриот смартфон кој користи технологија на флексибилен дисплеј и одговара на клучните потреби на корисниците – да биде преносен. Секое решение во текот на процесот на разработка беше насочено кон обезбедување на неверојатно убав уред, со целосно уникатен а сепак многу практичен, компактен дизајн. Како резултат, Razr успеа да ги исполни сите основни принципи на дизајн на Motorola – едноставност, изненадување и богатство.

 

„При дизајнирањето на Razr, нашиот тим сакаше да создаде иновативно и беспрекорно решение кое ќе го сруши статус-квото на современиот дизајн на смартфони. Razr ја враќа својата идентичност во дизајнот, со која многу од корисниците емоционално се поврзуваат и тоа е навистина уникатно“, изјави Рубен Кастано, раководител на одделот за грижа на корисници во Motorola Mobility.

На 22 јуни 2020 година, Razr ќе биде дел од изложбата. „Основни моменти во современиот дизајн“ во музејот Red Dot Design Essen, каде што се изложуваат сите наградени производи.