Сосем неочекувано, нашето секојдневие се промени и дојдовме во ситуација која нè научи дека технологијата „го врти“ светот. Кога улиците се расчистија, а онлајн просторот е во огромен метеж, нам ни останува да се приспособиме на новите услови и да го извлечеме максимумот од нив. Ова е особено важно за бизнисите, кои мора многу брзо да се адаптираат на новите услови и да го префрлат целиот бизнис онлајн.

Доколку се обидувате да најдете начин како да го прикачите вашиот бизнис на интернет без никакви трошоци за инфраструктура, тогаш вашата компанија ќе има огромна корист од Виртуелен приватен сервер (VPS). Виртуелниот приватен сервер ќе ви помогне да ги поставите темелите за да раководите со вашиот бизнис од дома, а сè што ви треба се компјутер и интернет.

VPS станува сè попопуларно решение кај современите претприемачи. Се работи за виртуелен приватен сервер поставен во Cloud просторот, кој ви овозможува да раководите со вашите податоци исто како и со физички сервер, но без инфраструктурни трошoци и без потреба од персонал за одржување. Преку Виртуелниот приватен сервер на Македонски Телеком ќе можете целосно да ја „преселите“ работата дома, но и да поставите платформи за учење, работа и e-commerce.

До неодамна ова решение најчесто го користеа компаниите за развој на софтвер, но, сè повеќе претприемачи се решаваат да се приклучат на трендот. Особено е погоден за малите и средни претпријатија кои имаат ограничени ресурси, затоа што сè што е потребно се компјутер и интернет.

Дигитализацијата на бизинисите не е нешто ново, но во моментов кога милиони луѓе работат од дома е единствен начин вашиот бизнис да остане во игра. Се претпоставува дека и откако пандемијата ќе помине, голем дел од бизнисите ќе остане онлајн. Затоа, искористете ја секоја ситуација во ваша корист и бидете меѓу првите кои ќе ја стават технологијата во своја полза.