Оние на кои им е здодевно во изолација, а имаат на располагање 3Д-печатач и доволно филамент, сигурно веќе смислиле како да го скратат времето додека не помине кризата. Еден ентузијаст смислил еден прилично амбициозен проект. Тој моделирал и испечатил делови и на крајот составил целосно функционална штица за сурфање.

Секако, не настанало сѐ од досада во карантин. Авторот вели дека со проектот почнал уште минатата година, а го завршил неодамна. Фотографиите и деталите ги поставил на страницата „Инстрактаблс“ за да можат и другите да научат нешто од него.

На крајот овој ентузијаст добил основа на штица за сурфање, составена од 95 посебни дела, долга 193 и широка 50 сантиметри, со маса од 3,1 килограми пред, односно 6,3 килограми по обложувањето со фиберглас. За печатењето му биле потребни 9 дена, односно нешто повеќе од 218 часа на 3Д-печатач.

Вкупниот трошок му бил 150 долари за 5 ролни ПЛА филамент и 5,24 долари за електрична енергија.

За повеќе детали и упатства како да реализирате ваков проект во сопствена режија, тука се упатствата и видеото од целиот процес.

Извор: Bug