Honor официјално ги претстави своите Honor Play 4T и Play 4T Pro телефони. Play 4T е достапен модел, наменет за оние со нешто поплиток џеб, додека Play 4T Pro е креиран како достапен модел од средниот сегмент.

Honor Play 4T има 6.3-инчен IPS LCD дисплеј со HD+ резолуција. Во punch-hole отворот на екранот е сместена 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат две камери, со 48MP главен и 2МP сензор за длабочина. Одзади се наоѓа и сензор за отпечатови од прсти,

Смартфонот го покренува осмојадрен Kirin 710A чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање (проширлив преку microSD слот). Сето ова го напојува 4000mAh батерија. Оперативниот систем е Android 10 (AOSP) со Magic UI 3.1 интерфејс. Телефонот е достапен во Кина, по цена од околу 170 долари.

Honor Play 4T Pro има 6.3-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција. Селфи камерата од 16MP е сместена во засек, додека сензорот за отпечатоци се наоѓа под екранот. На задната страна има три камери, со сензори од 48MP (главен), 8MP (ултраширок) и 2MP (сензор за длабочина).

Телефонот го покренува Kirin 810 чипсет, со 6GB/8GB RAM и 128GB простор, со поддршка за NM картичките на Huawei за проширување на складирањето. Батеријата со капацитет од 4000mAh има поддршка за 22.5W брзо полнење