Речиси половина од потешко заболените од Ковид-19 укажуваат на нови симптоми на болеста, и дека чувствуваат нешто како зуење во телото. 

Заболените од коронавирусот тоа искуство го споделуваат на социјалните мрежи и го опишуваат како зуење, шуштење или нешто слично, така што „fizzing“ стана уште еден од симптомите предизвикани од вирусот корона.

Докторите наведуваат дека станува збор за посебна сензација – чувството кое поедини пациенти го имаат додека нивното тело се бори со опасната болест.

„Една пациентка тој нов симптом го опиша на социјалната мрежа Твитер, како нешто да ѝ струи по кожата додека пак друга кажала дека нејзиниот партнер имал чувство како кожата да му гори, па морале да го мачкаат со лосион за сончање. Користеле и крема против изгореници“, додаде таа.

Останатите симптоми за оваа смртоносна болест се треска, болки во телото, отежнато дишење, замор, сува кашлица, дијареа, мозочен удар, а од друга страна има и пациенти кај кои нема никакви симптоми на болеста, а сепак се заразени со вирусот.

Докторите евидентирале и невролошки симптоми, како вртоглавица и главоболка, атаксија која што се опишува како недостаток на координација во движењето. Атаксијата може да влијае и на говорот, движењето на очите и способноста за голтање.

Пандемијата со коронавирус владее со светот. Во светот заразени се над 1.700.000 луѓе, а од истиот починале околу 103.000 луѓе. Вкупниот број на оздравени случаи е поголем од 376.000.

Извор: Srbija Danas