Минатиот месец страницата LetsGoDigital објави ексклузивен извештај за истражување на пазарот изготвен од страна на агенцијата CGS-CIMB, кој се однесува на потенцијалот на пазарот на свиткувачките телефони за периодот од 2019 до 2022 година. Како дел од извештајот, агенцијата добила информации од директните доставувачи дека Samsung Galaxy Fold доаѓа со две батерии, по една во секој дел.

Новообјавениот патент го покажува можното функционирање на двете батерии. Компанијата Samsung поднесе барање за патент кој користи метод за контрола на поголем број батерии и електронски уреди, објавен на трети јануари годинава.

Патентот го опишува свиткувачкиот смартфон со две батерии. Двете се опремени со посебни кола за полнење. Двете се меѓусебно поврзани со помош на струјно контролно коло. Покрај тоа, има и прекинувач. На тој начин разликите во напонот меѓу батеријата 1 и батеријата 2 може ефикасно да се контролираат. Капацитетот и импеданцата на батериите може да се разликуваат. Батериите може да се полнат и безжично и со кабел.

Процесорот одредува која батерија има највисоко ниво на сила, а флексибилниот паметен телефон ја користи батеријата со најмногу енергија.

Истиот систем важи и за полнењето, а батеријата со најмала сила се полни прва. Кога температурата на едната батерија ќе стане превисока, автоматски почнува користењето на втората батерија.

Минатиот месец LetsGoDigital  пријави постоење на патент за 3D холограмски телефон на Samsung со кој би можеле да се проектираат холограмски фотографии во воздух. Слична функција е опишана и во новиот патент.

Описот на патентот не дава никакви информации за капацитетот на батеријата. Според истражувачкиот извештај, новиот телефон ќе има вкупен капацитет на батериите од 5.000 до 6.000 mAh.

Уредот би требало да чини 1.800 долари.

Извор: B92.net