Кога Redmi K30 Pro Zoom беше претставен минатиот месец, телефонот беше понуден само во две конфигурации на меморија и простор за складирање: 8GB + 128GB и 8GB + 256GB. Недолго потоа, модел со 12GB RAM и 512GB простор беше откриен на сајтот JD.com.

Сега и официјално е објавено дека споменатата верзија на Redmi K30 Pro Zoom ќе се најде во продажба од 9. април, а ќе чини значајно повеќе (околу 635 долари / 909 евра).

Да потсетиме, Redmi K30 Pro Zoom има 6.67-инчен FHD+ AMOLED дисплеј со 60Hz освежување на екранот и го покренува Snapdragon 865 чипсет. На задната страна се наоѓаат четири камери: 64MP (главна) + 13MP (ултраширока) + 8MP (телефото) + 2MP (сензор на длабочина), додека од предната страна се наоѓа 20MP селфи камера. Сето ова го напојува батерија од 4700mAh, со поддршка за 33W брзо полнење.