Без сомневање, Zoom за кратко време стана лидер на полето на видео повици. Овозможува бесплатни четириесетминутни повици со до 100 корисници, и многу луѓе го користат овој алат за да останат во контакт. Можностите како менувањето на позадината тоа го прават само уште позабавно. Меѓутоа, тука е секогаш прашањето на безбедност и приватност на Zoom апликацијата, која во негативен контекст ја споменаа повеќе компании.

Останатите ја искористија оваа ситуација, како Skype, кој ја објави Meet Now опцијата, која не бара регистрирање, ниту инсталација. Meet Now ви овозможува да држите конференциски повици, само со помош на еден бесплатен линк, на кој ќе кликнат оние кои сакаат да се приклучат. Можете да го поделите со учесниците и да уживате во Skype колку сакате. Според соопштението од Microsoft, кој е сопственик на компанијата Skype, вашиот линк за состанок – видео повик не истекува и може да се користи било кога.

Skype наведува дека во текот на користењето ќе можете да ги увидите предностите на тие видео повици. Тоа ја вклучува можноста разговорот да се снима и да се сочува за подоцна. Компанијата ги чува снимките 30 дена. Исто така, постои опција да се затемни позадината пред да се влезе во разговорот, што сигурно ќе им биде од помош на оние кои се јавуваат од дома, а немаат најуредни домови или децата им скокаат во позадина.