Доколку ви е потребен елегантен и брз начин за конвертирање на валути, секогаш можете да му се обратите на Google или некој друг сајт специјализиран за таа намена.

Но, ако не сакате да користите мобилен уред, секогаш на располагање ви стои опцијата која доаѓа инкорпорирана во апликацијата калкулатор за Windows 10.

Девизниот курс во Windows 10 беше воведен под Windows 10 Fall Creators Update, благодарение на што конверзијата стана достапна за сите и ги вклучува речиси сите познати светски валути.

Сè што треба да направите за да пристапите до оваа опција е да кликнете на паѓачкото мени во левиот агол и да изберете Currency.

Изберете ги валутите што ви требаат и кликнете на “Ажурирај курс” за компјутерот да го ажурира курсот до најновата состојба. После тоа, внесете ја саканата вредност и ќе добиете резултат, или износот во другата валута.

Оваа опција работи дури и кога не сте поврзани на интернет, a треба само однапред да ја ажурирате листата на девизниот курс, за да не добиете погрешен резултат.